Американски лекари во соработка со водечките нутриционистите дојдоа до заклучок дека кетогената диета е идеален метод за брзо симнување на вишокот килограми и одржување на организмот во добра здравствена состојба.
Таа доби признание како едно од најефикасните средства во борба со стареењето, бидејќи придонесува да се зајакне здравјето на коските и го чува мозокот во состојба на „зголемена“ подготвеност за решавање на комплексни задачи.
Кетогената диета е базирана врз целосното откажување од јадење три пати на ден и користењето на маслиново масло во подготовката на храна, какои и намалената употреба на производи кои содржат големо количество протеини, и конзумација на масна храна. Меѓу препораките е да се намали употребата на производи кои содржат јаглени хидрати.
Научниците утврдиле дека кетогената диета придонесува човек правилно да го определи оброкот, да се подобри функционирањето на сите внатрешни органи одговорни за варењето и кардиоваскуларната активност, како и да се намали ризикот од тешки мозочни оштетувања, како Алцхајмеровата болест или старечката деменција.