20 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИHuawei ќе го зголеми својот годишен буџет за R&D за најмалку 15...

Huawei ќе го зголеми својот годишен буџет за R&D за најмалку 15 милијарди долари

Кинеската технолошка компанија „Huawei Technologies“ денеска објави дека ќе ги зголеми годишните трошоци за истражување и развој во опсег од 15 милијарди до 20 милијарди долари, додека се бори да стане светски лидер во „5G“ технологијата, пренесе „Ројтерс“.

Во изминатата 2017-та година компанијата инвестираше 89,7 милијарди јуани (13,23 милијарди долари) за истражување, што е речиси 15% од вкупните нејзините приходи.

„Huawei“ ќе одвои 20-30% од оваа сума за основните истражувања, во споредба со претходните очекувања за удел од 10%, се вели во соопштението на најголемиот кинески производител на телекомуникациска опрема и смартфони.

Кинеската компанија е еден од водечките светски инвеститори во развојната дејзност. Светските гиганти „Amazon“ и „Alphabet“ се двете компании кои имаат највисоки трошоци за слична активност во САД. За 2017-та година тие се потрошиле односно 22,6 милијарди долари и 16,6 милијарди долари, покажуваат податоците на „Factset“.

Околу 80.000 од вработените на „Huawei“, или 45% од вкупната нејзина работна сила, се посветени на истражување и развој, објави компанијата на својот вебсајт.

Зголемените трошоци доаѓаат во позадината на напорите на голем број земји, како САД, Австралија и Велика Британија, да ја одбијат технологијата за мрежна комуникација на „Huawei“ и во позадина на растечките меѓународни политички тензии.

Во извештај на Владата на Обединетото Кралство, кој беше објавен минатата недела, се тврди дека проблемите со техничката и доставувачот на мрежната опрема на „Huawei“ се изложиле на британските телекомуникациски мрежи на ризици во безбедноста.

Според многу американските и австралиските политичари, компанијата ја олеснува шпионажата на кинеската влада. Ова се обвиненија што во неколку наврати ги негираше „Huawei“.

Кинеските компании, на чело со „Huawei“, ќе поседуваат околу 10% од основните патенти за „5G“ во светот, што е значителен скок во споредба со нивниот удел во „4G“ и „3G“ ерата, покажуваат последните анализи на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП