27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМусли за појадок – здрава навика за среќен живот

Мусли за појадок – здрава навика за среќен живот

Мусли е без сомнеж извонреден избор за старт на денот. Секој човек свесен за своето здравје додава житарици во исхраната. Мешавина од житарици во комбинација со кокос, зрнесто овошје, суво овошје, семки, претставува здрава комбинација на белковини, антиоксиданси, масти и јаглени хидрати. Ваквиот избалансиран оброк дава енергија, но и го снабдува организмот со потребните витамини и минерали. Според нутрционистите муслите имаат 10 пати помалку калории отколку енергетски гранола бар, кој е полн со шеќер.

Започнете го денот со здрава порција мусли со обезмастено млеко или млеко од бадем, кое содржи ниско ниво на масти, а покрај тоа е полно со хранливи материи.

Наметнете здрави навики во семејството појадувајќи мусли наутро, кои денес во маркетите ни се на располагање во семејни пакувања и раскошни комбинации. Мусли со тропско овошје или со парченца темно чоколадо ќе обезбеди енергетска поткрепа во текот на денот за секого.

Во нив нема холестерол и транс – масти, а помагаат во контрола на телесната тежина. Изберете ја вашата омилена мешавина на мусли од македонскиот бренд Натура, кој постојано го дополнува изборот со иновативни протеински и високо-нутритивни производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП