8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот дефицит следната година ќе го мине прагот од 1.000 милијарди долари

Американскиот дефицит следната година ќе го мине прагот од 1.000 милијарди долари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп очекува годишниот буџетски дефицит на земјата да порасне за околу 100 милијарди долари повеќе од претходно прогнозираното во секоја една од следните три години, што ќе го истурка федералниот дефицит над прагот од 1.000 милијарди долари во наредната година.

Промената во пресметките, која остана во голема мера незабележана, кога Белата куќа ја предаде годишна ревизија на Конгресот во минатата недела, се одразува на цената на зголемените федерални трошоци договорени претходно во оваа година, како и на повисоките каматни плаќања.

Според предлогот за буџетот во февруари, дефицитот ќе изнесува 7,1 илјади милијарди долари во текот на следните десет години. Сепак, при последната ревизија се зголеми за 926 милијарди долари на 8.000 милијарди долари.

Податоците ги одразуваат предизвиците со кои се соочува Вашингтон, во обид да го намалат дефицитот. Според претставници на администрацијата посилниот економски раст ќе им овозможи на даночните олеснувања да генерираат повеќе приходи на долг рок, компензирајќи го првичното намалување.

Последните сметки, сепак, покажуваат дека дефицитот се зголемува дури и со уште поголеми проекции на федералните приходи, отколку што се очекуваше од страна на властите.

Канцеларијата за буџет во Белата куќа проценува дека недостатокот ќе се зголеми на скоро 1,1 илјади милијарди долари во фискалната година почнувајќи од октомври, што претставува 5,1% од бруто-домашниот производ (БДП). За споредба, таа се очекуваше да биде 984 милијарди долари во февруари.

САД имаа дефицит од 666 милијарди долари во фискалната година која заврши на 30-ти септември 2017-та година, што претставува 3,4% од БДП-то.

„Огромните дефицити не се добри, а ние ќе имаме дефицит како удел од БДП-то во износ од 4% -5%„, изјави Лоренс Кадлоу, директор на Националниот економски совет на Белата куќа за време на конференција во средата, кој додаде дека таквата ситуација не е толку „лоша“.

Од Втората светска војна наваму САД имала буџетски дефицит поголем од 5% од БДП-то само во два периоди – во 1983-та година и меѓу 2009-та и 2012-та година, кога е екот на светската финансиска криза. Двата пати се случуваат по период на значителен економски стрес, вклучувајќи ја и единствената рецесија кога невработеноста забележа раст од над 10%. Белата куќа очекува стапката на невработеност, кој во моментов е 4%, да достигне 3,7% во следната година.

Речиси половина од проектираниот пораст се должи на повисоките федерални трошоци, кои беа одобрени претходно во оваа година. И двете партии во Конгресот – Републиканската и Демократската, се спротивставија на максимумот на трошоците наведени во законот во рамките на договорот за контрола на дефицитот од 2011-та година, а во февруари беше склучен нов договор за олеснување на ограничувањето.

Белата куќа, исто така, направи ревизија во нагорна насока и на прогнозите за каматните стапки во оваа и следната година, што заедно со зголеменото финансирање ги зголемува планираните каматни исплати на државниот долг. Администрацијата проценува дека ќе порасне за 161 милијарда долари во текот на претходните предвидувања во текот на следната деценија.

Белата куќа, исто така очекува приносот на 10-годишните американски државни хартии од вредност да е во просек 3% во оваа година, што е раст од 2,6% во февруари. Се очекува и следната година да се зголеми до 3,2%.

Прогнозите за дефицитот би биле уште поголеми ако очекувањата не се за повисоки приходи. Белата куќа предвидува приходите да нараснат во наредните десет години со 95 милијарди долари над претходните очекувања, делумно поради прогнозите дека посилниот економски раст ќе ги стимулира приходите на домаќинствата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП