26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрајот на средната класа во Русија, или како заштедите станаа луксуз за...

Крајот на средната класа во Русија, или како заштедите станаа луксуз за Русите

Во Русија дури заштедите се претвораат во луксуз, кој малкумина Руси можат да си дозволат во економијата, обидувајќи се да се опорави, додека приходите се во застој.

Способноста да штедат е последната линија која ги дели лицата кои имаат и немаат во Русија по најдолгата рецесија во земјата во овој век. Според ова помалку од една петтина од населението смета дека е дел од средната класа. Како резултат на тоа, процентот од приходите, кој се чува во форма на заштеди, е блиску до најниско ниво, откако претседателот Владимир Путин дојде на власт во 2000-та година, иако истражувањата сугерираат дека секој втор сака да издвои дополнителни пари, вели „Bloomberg“.

„Луѓето сфаќаат дека е подобро да штедат, но немаат доволно ресурси“, вели Марина Красилникова, шеф на одделот за истражување на потрошувачката и животниот стандард во „Центар Левада“ во Москва. „Приходот оди на потрошувачката, која беше одложувана долго време“.

Влошувајќи ги уште повеќе работите, податоци покажуваат дека растот на реалната плата и расположливите приходи ќе забават во мај, што ги принудува луѓето да земаат заеми за да продолжат со трошењето, откако со години ги намалувале трошоците. Минатото тримесечје трговијата на големо и мало не придонела воопшто за проширувањето од 1,3% на бруто домашниот производ.

Но, проблематичната ситуација на руските домаќинства го привлече вниманието на Путин. Претседателот и нареди на владата да ја намали сиромаштијата за половина до 2024-та година и да постигне „решителни промени“ на животниот стандард.

Сигнализирајќи проширување на нееднаквоста, само депозитите за барем 1 милион рубљи (15.700 долари) се зголемија во текот на првото тримесечје, покажуваат податоците од државната агенција за гарантирање на депозити. За споредба, просечниот износ на депозит од 1-ви април изнесува 167.600 рубљи. Речиси две третини од Русите велат дека нивните семејства немаат заштеди, покажува анкетата спроведена од Централната банка во мај.

Иако растечката нееднаквост ја следи Русија од распадот на Советскиот Сојуз, благодарение на нафтениот бум во текот на годините имаше доволно средства за да се удвои средната класа до над 60% од населението и побарувачката на потрошувачите да стане двигател на економијата.

Во моментов само 19% сметаат дека се средна класа, што значи дека можат да си дозволат купувања, како мебел и домашни апарати, покажува консултантската компанија „NAFI“.

Русите треба да заработи барем по 60.000 рубљи месечно – речиси 40% повеќе од просечната номинална плата во април – за да бидат дел од средната класа, покажуваат локалната рејтинг компанија „ACRA“. Ова укажува дека луѓето во оваа група можат да ги купат сите потребни стоки, да патуваат во странство, да заштедат и да можат да земат заем за автомобил или хипотека, додава компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП