20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед дава 75 милиони и Руни за Роналдо

Јунајтед дава 75 милиони и Руни за Роналдо

rooney-ronaldo

Раководството на Манчестер Јунајтед е подготвено да му понуди на Реал Мадрид околу 76 милиони евра и Вејн Руни како замена за Кристијано Роналдо.

Британските медиуми наведуваат дека новиот тренер на „ѓаволите“ Дејвид Мојс планира Португалецот да биде носител на играта во наредната сезона на тимот од „Олд Трафорд“. Роналдо пред четири години отиде во Мадрид, а Јунајтед тогаш доби обештетувње од 96 милиони евра. Роналдо има договор со Реал до јуни 2015-та година, а според последните информации одбива да потпише продолжување на соработката.

Јунајтед поради тоа е подготвен да понуди пари и Руни кој е незадвоолен од статусот кој го има кај новиот шампионот во Премиер лигата каде заработува неделно скоро 300.000 евра. Челниците на „ѓаволите“ веќе стапиле во контакт со менаџерот на фудбалерот на Реал, а клучна улога во трансферот би можела да биде и компанијата Најк која е спонзор на Јунјтед и на Роналдо.

Португалецот неодамна ја стави на продажба својата куќа во Мадрид, а не настапи и на последниот натпревар од сезоната кој беше проштален на тренерот Жозе Мурињо.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП