26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБостон ја доби „мајсторката“ со Милвоки

Бостон ја доби „мајсторката“ со Милвоки

Кошаркарите на Бостон Селтик го победија Милвоки Бакс во одлучувачкиот седми дуел од првата рунда во НБА плејофот.

Бостон славеше ноќеска на свој терен во „ТД Гарден“ со резултат 112:96 и со вкупни 4-3 во победи ја доби серијата.

Противник на „зелените“ во конференциското полуфинале на Истокот ќе биде тимот на Филаделфија.

Во другото полуфинале ќе играат Тороно со победникот од вечерашниот дуел меѓу Кливленд и Индијана.

На Запад, шампионот Голден Стејт поведе со 1-0 во полуфиналето против Њу Орлеанс, додека во другата серија се среќаваат Хјустон и Јута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП