25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Сепак голот на Роналдо не е најубав во четвртфиналето

ЛШ: Сепак голот на Роналдо не е најубав во четвртфиналето

Верувале или не, голот со ножички што го постигна Кристијано Роналдо против Јувентус во Торино не е најубав во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Најзаслужни за ваквиот епилог се фудбалските фанови од Египет, кои масовно гласале за голот на Мохамед Салах, постигнат во реваншот против Манчестер сити, иако објективно голот на Португалецот е и поубав и многу поатрактивен.

На третото место е голот на Алекс Окслејд-Чембрлен постигнат на првиот дуел помеѓу Ливерпул и Манчестер сити, на четвртото место е еден од двата гола на Марио Манџукиќ на натпреварот Реал-Јувентус, а петтата позиција е за Луис Суарез од Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП