28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕдноставни трикови со чија помош можете да ја регулирате желбата за храна

Едноставни трикови со чија помош можете да ја регулирате желбата за храна

Ви претставуваме неколку трикови со чија помош ќе можете да ја регулирате својата желба за храна.

Се придржувате до одредена диета, но кога ќе огладнете не можете да го исконтролирате апетитот и јадете многу повеќе отколку што би требало? Прочитајте ги овие совети и нема да имате масни наслаги.

Варен компир

Варениот компир (во кора) секако треба да биде почесто на вашето мени. Со овој начин на готвење на компирот ќе добиете супер намирница, која истовремено е богата со нутриционистички состојки и сиромашна со калории, која ќе ве задржи сити.

Масти

Не треба целосно да ги исфрлите мастите од исхраната бидејќи ниту една диета не е добра доколку некоја група намирници целосно се елиминара.

Парче месо, секако, повеќе ќе ве засити од кое било овошје или зеленчук, а покрај тоа е и здрава намирница (доколку внимавате на кој начин ја готвите).

Вежбање

Можеби ви звучи чудно, но вежбањето може да го намали апетитот. На почеток ќе предизвика засилен глад, но кога добро ќе се испотите, ќе го забрзате метаболизмот и ќе ја намалите желбата за храна.

Грејпфрут

Ова чудесно овошје ги регулира маснотиите и нивото на шеќерот во крвта, а истражувањата покажуваат дека лице кое при секој оброк јаде половина грејпфрут или пие свежо цеден сок просечно губи 2 килограми во три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП