19 април, 2024
ПочетнаБЕРЗАБерза-неделен преглед

Берза-неделен преглед

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(27.05 – 31.05.2013)

 

 

Изминатата недела на Македонската берза ја одбележа почетокот на тргувањето со 12-тата емисија на обврзници од денационализација RMDEN12, која во трите денови колку што се тргување, реализираше промет од 82,5 милиони денари (53% од вкупниот промет на берзата) а се истргуваа вкупно 1.540.086 обврзници или 11,85% од вкупната емисија на оваа обврзница. Импресивно за три трговски дена. Ако на овој промет се надодаде и прометот со останатите емисии на обврзници со кои, заради исплатата на ратата се тргуваше само во понеделникот и вторникот, а кој достигна 37,3 милиони денари (23,8% од вкупниот промет), несомнено доминантни во прометот беа обврзниците.

Вкупниот неделен промет достигна 156,7 милиони денари, од кои на промет со акции отпаднаа 36,8 милиони денари или 24%. Индексите на акции се движеа во различни насоки, па така МБИ10 забележа неделен пад од -2,21%, додека МБИД имаше неделен пораст од +0,77%.

Најтргувана минатата недела беше акцијата на Алкалоид Скопје со реализиран промет од 12,9 милиони денари, Комерцијална банка Скопје имаше промет од 9,9 милиони денари со неделен пад од 5,66%. Во групата на акции кои реализираа промет од над 1 милион денари, се вброија уште и Стопанска банка Битола со 5,8 милиони, Кјуби Македонија Скопје со 2,4 милиони и Македонски Телеком Скопје со 1,1 милион денари неделен промет.

На регионалните берзи индексите се движеа во различни насоки. SBI10 неделата ја заврши со пораст од +0,57%, Crobex забележа неделен пад од -1,61%, Belex исто така имаше пад од -1,28%, додека софискиот Sofix регистрираше значителен пораст од +3,55% на неделно ниво.

По петочниот остар пад на вредноста на индексите во САД како резултат на се погласните најави за намалувањето на државните стимулации и субвенции, втора недела по ред пазарите во САД завршија во негатива. DOW JONES неделата ја заврши со намалување од -1,23%, NASDAQ неделата ја заврши со пад од -0,09%, а S&P 500 неделата ја заврши со пад од -1,14%. Европските берзи главно го следеа движењето на американските па и тие неделата ја завршија во благ минус. DAX забележа неделен пад од -0,41%, FTSE 100 ја затвори неделата со пад од -1,07%, додека францускиот CAC 40 имаше намалување од -1,17%. На азиските берзи, јапонскиот NIKKEI 225 после повеќенеделниот брз раст, влезе во фаза на капитализирање на добивките и на „слободен пад“ и имаше неделно намалување од -2,51%. HANG-SENG неделата ја заврши со пад од -1,28%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП