29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ ќе добие значително поголем награден фонд

ЛШ ќе добие значително поголем награден фонд

Откако УЕФА ги усвои промените со кои се менува форматот во Лигата на шампионите, што преставува дополнителна потешкотија за „помалите“ клубови да сетигнат во главната фаза, од европската куќа на фудбалот најавија промени и во наградниот фонд.

Од наредната сезона, во главната фаза, ќе играат најмалку по четири екипи од Англија, Шпанија, Италија и Германија, а натпреварите ќе се играат во два термини. Покрај вообичаениот термин 20:45 часот, натпревари во Лигата на шампионите, во вторник и во среда, ќе се играат и од 18:55 часот.

Најново што подготвува УЕФА, во договор со Европската асоцијација на клубови е зголемубвањето на наградниот фонд, во наредните три сезони. Досега наградниот фонд изнесуваше 2,3 милијарди евра, а од наредната сезона клубовите ќе делат по 3,4 милијарди евра.

Од наредната сезона клубовите што ќе се пласираат во главната фаза ќе добијат по 15 милиони евра, што преставува зголемување од 2,3 милиони евра.

Секоја победа во групната фаза ќе носи 2,7 милиони евра, а нерешен резултат ќе се наградува со 900.000 евра. Пласман во нокаут рундата на клубовите ќе им донесе 9,5 милиони евра, наградата за четврт-финале ќе изнесува 10,5 милиони, за полу-финале 12 милиони, финалистот во Лигата на шампионите ќе добие 15 милиони, а победникот 19 милиони евра.

Во овие суми не се пресметани приходите што клубовите ќе ги добијат од ТВ преноси. Сумата од ТВ преносите што ќе ја делат клубовите е намалена од 500 на 300 милиони евра.

Наградуван од УЕФА ќе биде и ткн. „историски ранкинг“.

Историскиот ранкинг значи дека во групната фаза повеќе пари ќе добијат клубовите што бележеле добри резултати во минатото.

Единственото ограничување е што ниту едне клуб не може да заработи повеќе од 32 милиони евра. Засега не е познато како според „историскиот ранкиг“ ќе бидат делени парите.

УЕФА го зголеми наградниот фонд и во Лига Европа. Од наредната сезона клубовите во ова натпреварување ќе делат 500 милиони евра,, што преставува зголемување на наградниот фонд за 100 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП