24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВкусна и здрава ужинка која ќе ви помогне полесно да ги намалите...

Вкусна и здрава ужинка која ќе ви помогне полесно да ги намалите килограмите

Освен физичките активности кои вклучуваат напорно вежбање, што уште е потребно за да имате згодно тело како светските ѕвезди? Здрава храна и здрави напитоци нормално! Пронајдовме рецепт за еден едноставен и здрав напиток кој ги топи килограмите…

Можеби немате прилика лично да вежбате со светски познатите тренери, но сепак имате прилика да го искористите овој нивни здрав рецепт кој е хранлив и помага во процесот на слабеење.

Нормално, не ја заборавајте и физичката активност која тие задолжително ја препорачуваат покрај оваа здрава ужинка.

Состојки:

– 120 гр млад спанаќ

– 3 излупени портокали

– 1 сушена урма

– цимет на врв од лажичката

– 120 мл кокосово млеко

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте. Напитокот консумирајте го непосредно по подготовката, не правете залихи. Напитокот може да замени еден ваш оброк. Пријатно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП