8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВечера која ги топи килограмите

Вечера која ги топи килограмите

Имате проблеми со прекумерната тежина, постојано сте на диета, се трудите максимално но не знаете како дополнително да си помогнете? Овие неколку намирници ви ги препорачуваме да ги јадете за вечера, тие ги топат килограмите.

Сепак, ова не значи дека мора да прегладнувате и јадете исклучиво овошје и зеленчук. Јадете нормално, а во вечерните часови посветете се на лесни јадења, кои нема да ве дебелеат. Дури, ќе ги стопат килограмите.

Шумско овошје

Најдобра вечерна закуска за оние кои патат за слатки, без страв од дополнителни масни наслаги. Шумското овошје содржи влакна кои се неопходни за слабеење, а варењето и чувството на ситост трае подолго. Малините, капините и боровниците содржат најмногу влакна од сите зрнести овошја.

Јогурт со ниско ниво на масленост

Калциумот се смета за еден од најдобрите минерали кои се борат против мастите, а јогуртот е одличен извор на калциум. За вечерниот оброк изберете јогурт со ниско ниво на масленост.

Бадеми

Ако не се претерува и ако не се изеде цела кесичка, бадемите можат да се стават на списокот дозволени намирници во доцните часови. Бадемите содржат протеини, влакна и омега-3 масни киселини. Една мала шољичка бадеми е доволна да ја задоволи потребата за благо. Комбинацијата на влакна и протеини ќе го стимулираат метаболизмот, за поефикасно согорување на мастите и калориите.

Мисиркино месо

Тоа содржи аминокиселина под назив леуцин, кој игра важна улога во заштитата на мускулите од губење на тежината, присилувајќи го телото да бара енергија во масните наслаги. Покрај тоа, мисиркиното е богато со протеини кои ќе ви помогнат да не чувствувате премногу глад утрото кога ќе се разбудите.

Авокадо

Авокадото претставува одличен извор на влакна и поради тоа се наоѓа на списокот на намирници кои може да се јадат навечер. Авокадото содржи и заситени масти, така што треба да го консумирате во мали количини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП