Една на секои седум европски компании во Велика Британија го намалува присуството во земјата во позадина на приближувањето на „Brexit“, пишува „Ројтерс“, повикувајќи се на студија на британскиот Институт за набавки и снабдување (CIPS).
За почеток станува збор за намалување и отстранување на дел од активностите, но 11% од фирмите веќе почнаа да се повлекуваат од земјата уште по гласањето за излез од ЕУ во 2016-та година, посочуваат аналитичарите.
Истражувањето беше спроведено пред 19-ти март, кога ЕУ и Велика Британија најавија дека имаат склучено договор и дека откако ќе ја напушти заедницата, земјата ќе има пристап до европскиот пазар до крајот на 2020-та година, посочуваат од „CIPS“. Потегот на компаниите сепак се поврзува поголемиот недостатокот на јасност за долг рок.
Истражувањето покажува уште и дека британските компании со европски снабдувачи почнаа да бараат алтернативи на домашниот пазар. 22% од британскиот бизнис всушност веќе пријави за тешкотии да склучува договори за испорака по 2019-та година со партнерите од ЕУ.
Повеќе од 1/3 од компаниите во земјата ги зголемиле цените откако веста за „Brexit“ предизвика пад на вредноста на фунтата на девизниот пазар и така бил намален увозот на стоки. Компаниите немале голем избор и префрлиле дел од трошоците на потрошувачите, за да ги задржат своите профити, посочуваат аналитичарите.
Околу 1/4 од компаниите планираат намалување на вработени поради трошоците околу „Brexit“, додава уште „Bloomberg“.
Агенцијата истакнува дека не само европските компании размислуваат за трошоците, откако Велика Британија ќе излезе од ЕУ. Американската инвестициска банка „Morgan Stanley“ пример планира да се повлече од Лондон и да го зголеми своето присуство во три града од ЕУ. Заедно со други финансиски институции од САД („Goldman Sachs“ и „JPMorgan Chase“), банката го посочува Франкфурт за својата главна канцеларија во Европа.