25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБананите го опуштаат нервниот систем

Бананите го опуштаат нервниот систем

Бананите поседуваат многубројни лековити својства и имаат моќ да ги ублажуваат симптомите на многу болести.

Освен што имаат пријатен вкус, бананите поседуваат и многубројни лековити својства и имаат моќ за ублажување на многу болести.

Изобилуваат со хранливи материи, витамин А, Б6 и Ц и ги содржат минералите фосфор, манган, магнезиум, калиум и фолна киселина.

Поради поголемите количини на витаминот Б, тие поволно делуваат на нервниот систем. Ја ублажуваат состојбата на депресија и делуваат релаксирачки, бидејќи протеините во текот на варењето доведуваат до создавање на серотонин, хормонот на задоволство и среќа. Кората од бананите многумина ја користат за смирување на кожата по убод или иритација.

Сушените банани исто така се исклучително корисни бидејќи го забрзуваат метаболизмот, производството на хемоглобин, ја зголемуваат мускулната сила и отстрануваат опстипација. При сушењето единствено ја губат течноста и мали количини од витаминот А и Ц, но затоа другите материи се уште поконцентрирани отколку во свежите банани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП