6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНа што треба да внимавате при купување на половно возило

На што треба да внимавате при купување на половно возило

kupikola

Без одглед на староста, цената и класата на половниот автомобил, при купувањето потребно е да се намали и најмалата можност за ризик од погрешно одбирање. Поради тоа ви ги претставуваме најважните работи на кои е потребно да се посвети внимание кога ќе се одлучите да купите половно возило.

Купувањето на нов автомобил е лесно, со голед на богатиот избор на модели, мотори, пакети на опрема, гранции и акциски цени. Понекогаш за само 500 евра повеќе може да се земе сличен модел со помоќен мотор и побогата опрема или за иста цена возило од поголема класа со посиромашна опрема.

Меѓутоа купувањето на половен автомобил е уште посложена работа, затоа што покрај наведените работи, потребно да се внимава и на многу други. За среќа времето на огласите во весниците на пример „Продавам Омега дизел со малку поминати километри,1994-та година, може и замена“, одамна помина, па така на интернет можеме да погледнеме детални податоци, списокот на опрема и повеќе фотографии за огласениот автомобил.

Сепак колку и да се фотографиите квалитетни се случуваат и непријатни изненадувања кога ќе пристигнете на лице место и ќе сфатите дека автомобилот не изгледа така добро како на сликите. Затоа за почеток имајте многу трепение. На објаснувањата и описот на возилото од страна на продавачот посветете внимание, но најголемиот дел од работата завршете ја сами, т.е. анализирајте го самото возило.

Одредете буџет или одредете граница преку која не би сте поминале за време на барањето, но притоа да ви остане доволно пари за задолжителните интервенци по самото купување, како што се замената на ремените, клинест/ПК ремен, моторно масло и сите филтри. Би било добро во некој сервис да ја проверите состојбата на стегите и во случај на потреба извршете нивна замена доколку не одат во сетот со ремените (многумина препорачуваат нивна замена и без проверка). Истото важи и за маслото и филтерот на менувачот, особено ако станува збор за автоматски менувач.

Накратко, искуството вели дека по купување треба да се направи голем сервис. Да се промени антифриз и да не ја чекате зимата да дојде, затоа што тој ја успорува корозијата и другите несакани појави на ладилникот. Покрај овие „ситници“, за секој случај тргнете настрана некој денар за непланираните дефекти, кои можеби ќе ги има.

Свесни сме дека давањето на универзални совети за купување на половен автомобил не е лесна задача, но ќе се обидиме да ви помогнеме до некаде да направите вистински избор.

Најважно е да не купите автомобил кој е:

– Украден

– Неколку години постар отколку што пишува во документите

– Да претрпел тешка сообраќајна незгода

– Да нема 200.000 или 300.000 километри повеќе отколку што пишува на инструмент таблата

– Да поминал „сито и решето“

Дознајте повеќе информации од продавачот!

Во денешно време тешко да се најде автомобил кој го продава сопственикот, затоа што многу возила што ги има на пазарот се увезени од странство или купени од некои авто-плацеви, па така од претходните сопственици ништо не знаете. Половен автомобил, купен во нашата земја од прв сопственик е како да добиете бинго. Но проблемот е во тоа што вакви примери се многу ретки, а и таквите сопствениците знаат и умеат добро да ја подигнат цената.

Дали тогаш се исплати да се дадат повеќе пари?

Нема универзален совет за тоа, се зависи од случај до случај. Тогаш треба да се погледнат други работи, на пример за тоа што носи животот кај нас. Не толку квалитенто гориво, лоши патишта, неоргинални или фалсификувани резервни делови, фалсификувани моторни масла и други течности, непридржување кон редовните сервисни интервали по гарантиот рок (секоја чест за исклучоци) и многу други работи кои можат да влијаат на состојбата на автомобилот.

Доколку купувате автомобил од физичко лице потрудете се да извлечете што е можно повеќе информации пред да почнете да го возите пробното возење. Бидете уверени дека многу купувачи откако ќе потрошат 200 евра за гориво при неуспешните посети на продавачите, одлучуваат да го земат првото следно возило, несакајќи да ризикуваат повеќе време и пари. Во такви ситуации се прават и најголемите грешки кога купувачот ќе го загуби трпението.

Километражата не е важна?

Не е тајна дека кај нас и во регионот има автомобили чија километража не е оргинална, а притоа неможе да се докаже дали километражата е вратена или не. Па така не се занимавајте толку со тоа, туку посветете се на реалната состојба на возилото.

На пример, истрошеноста на менувачот, ножните команди и рачката на менувачот говорат дека автомобилот поминал многу километри. Меѓутоа денеска сето тоа може многу бргу и ефтино да се среди, а истото важи и за седиштата, доколку се пропаднати. Тие лесно се лепат со посебна пена или се вметнуваат нови сунѓери, а потоа се ставаат нови навлаки и делуваат како нови. Се менува и целиот тапацир, така да и тоа неможе да биде мерило. Оштетените сигурносни појаси исто така лесно и евтино се менуваат. Поради тоа треба да има причина за сомнеж, затоа што некои делови од ентериерот изгледаат премногу сочувано.

Автомобилот кој е добро подготвен за продажба на просечниот купувач, па дури и на многу поискусните, тешко може дека ќе помине тоа со поминатите километри. Воглавном овој фактор не треба да биде најважен.

kupikola1

Краден?

Еден од најважните проблеми може да биде доколку подоцна се утврди дека вашиот нов/половен автомобил е краден, без оглед дали станува збор во нашата земја или странство. Добро проверете го местото на кој е испишан бројот на шасијата(т.н. VIN), притоа посветете внимание на пошироката област околу бројот, можеби цел дел од лимот со бројот да е исечен и подоцна заварен нов или на некој друг начин да е фалсификуван.

Па затоа проверете го автомобилот во полиција или во некоја друга институција која се занимава со вакви работи.

Хаварисан?

Возилото задолжително гледајте го преку ден, поради тоа што навечер не се гледаат неправилностите. Добар авто-лимар без поголеми проблеми може да утврди дали автмобилот бил хаварисан, дури и доколку не го подигне на дигалка или го гледа од канал. Па поради тоа потребно е да побарате помош од такво лице, затоа што навистина ќе ви биде од помош неговото мислење.

Не заборавајте да му напоменете на мајсторот неговото мислење да ви го каже во четири очи, поради тоа што може да ја ублажи состојбата на возилото во присуство на продавачот. Постои уред кој ја мери дебелината на лакот, па така може многу лесно да се открие дополнителното фарбање на површината.

Тука е и старата и добра поверка со магнет, доколку магнетот не „лепи“ на некоја површина можете да се посомневате дека под лакот се наоѓа „кит“. Продавачите воглавном не се одушевени кога некој ќе почне со парче метал да  поминува врз лимот на автомобилот.

Генерално во знаците дали возилото претрпело сериозна незгода се и нееднаквото растојание меѓу каросеријата и вратите, поклопецот на моторот багажникот, како и невообичаените места на фаровите. Особено внимание посветете под багажникот, затоа што во тој дел е најтешко да се сокријат траговите од удар во задниот дел.

Неретко се менуваат вратите, хаубата, крилата, браниците и слично, па така особено внимание посветете на разликата во бојата помеѓу поедини делови. Поради тоа многу е важно возилото да биде чисто кога ќе го гледате, за да може да се воочат разликите. Па дури и малата разлика во нијансата помеѓу предната и задната врата би требало да буди сомнеж.

kupikola2

Како што веќе рековме гледајте го автомобилот преку ден од сите агли и барајте било какви неправилности на лимот или лакот и правете разлика меѓу левата и десната страна. Земете батериска лампа и некое огледалце кои ќе ви бидат од корист во проверката на скриените места од поглед.

На неискусните купувачи ваквата проверка им е многу тешка, поради тоа отстапете им го тоа на некои кои подобро се разбираат. Во суштина не е толку важно доколку возилото претрпело мала незгода и притоа е променета хауба, крило, фар, маска. Проблемот е кога автомобилот ќе го изместат од оската или му ја уништат деформационата зона, т.е. да претрпи возилото тешко структурално оштетување.

Сите врати мораат да се отвараат и затвораат без проблем, иако кај „југовци“ и „стокеци“ стари повеќе од две децении неможете да барате совршенство. Исто така автомобилот мора да стои паралено во однос на патот, да не делува дека каросеријата е искривена во однос на тркалата.

Кога и доколку откриете дека автомобилот бил удрен, а продавачот не ви го напоменал тоа или ви одговорил негативно, кажете му ја таа мана и побарајте намалување на цената. Проблем може да биде фактот дека тешко може да се најде половно возило старо десетина и повеќе години, кое никогаш не било удрено. Покрај тоа многу од купувачите по неуспешните барања ќе се помират со така и ќе бидат благодарни доколку најдат примерок кој барем квалитетно е направен.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП