25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Геа сака солидно зголемување на платата

Де Геа сака солидно зголемување на платата

Шпанскиот голман Дејвид Де Геа побара речиси двојно зголемување на неговата неделна плата на 375.000 фунти за да го обнови договорот со Манчестер Јунајтед.

27-годишниот чувар на мрежата во моментов добива 210.000 фунти неделно на „Олд Трафорд“, а неговиот договор истекува за 18 месеци.

Интерес за Де Геа веќе подолго време покажува Реал Мадрид, а од Манчестер Јунајтед имаат поставено цена од најмалку 115 милиони фунти за неговите права. До неодамна, финансиските побарувања на Шпанецот беа помали, но ова се промени откако Алексис Санчез беше доведен од Арсенал.

Санчез сега е најскапиот фудбалер со неделна плата од околу 500.000 фунти, а Де Геа сака да биде втор во овој ранг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП