3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдрав оброк: Зелен шејк за целото семејство

Здрав оброк: Зелен шејк за целото семејство

Започнете го денот со вкусен шејк кој е совршен за мажите и жените кои сакаат брз и здрав појадок, а во неговиот вкус ќе уживаат и децата.

Потребни состојки:

– 2 лажици кокосово или сојно млеко

– половина шолја овесни снегулки

– 1-1/4 шолја замрзнати, конзервирани или свежи праски

– 1 шолја коцки мраз

– 1 шолја беби спанаќ или исецкан обарен спанаќ

– 1 лажица мед

– 2 банани

Подготовка:

1. Во блендер ставете го млекото, овесот и мешајте 20-тина секунди на најсилна брзина.

2. Додадете го мразот, спанаќот, медот, бананите, праските и блендирајте додека да добиете хомогена смеса.

3. Сервирајте го шејкот во стаклени чаши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП