29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите на Шпанија ја освоија европската титула

Ракометарите на Шпанија ја освоија европската титула

Фантастичното второ полувреме, предводено од Арпад Штербик на голот, им донесе на Шпанија европска титула во ракомет, откако ја „скршија“ клетвата и со 29:23 ја совладаа репрезентацијата на Шведска.

За Шпанија ова е прва европска титула во историјата по четири незгодни порази во финалињата (1996, 1998, 2006 и 2016), додека „трите круни“ не успеаја да го подобрат својот скор и да станат петкратни европски шампиони.

По израмнетиот старт на мечот, Швеѓаните се одвоија на +3 прво со 7:4, а потоа и за 9:6, откако Микаел Апелгрен брилјираше на голот со седум одбрани во првите 15 минути од мечот во „Арената“ во Загреб. Душебаев и Арино успеаја да ги донесат Шпанија на гол разлика (9:10), но потоа повторно Шведска беше во подобра ситуација за 14:12 водство по првото полувреме.

Но, второто полувреме целосно и припадна на „фуријата“. Ентрериос и Душебаев беа во фантастична форма и веќе во 34. минута го „свртија“ мечот за 15:14 водство. На 15 минути до крајот веќе беше пет разлика (20:15), а на пет минути пред крајот дури седум (27:20).

Феран Соле и Давид Балагуер имаа по пет гола за Шпанците, додека наградата за најдобар играч на мечот отиде во рацете на неверојатниот Штербик. Кај Швеѓаните, Јеспер Нилсен уфрли пет гола, а четири имаше Никлас Екберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП