19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТанцот, најдобра вежба за побавно стареење на телото и умот

Танцот, најдобра вежба за побавно стареење на телото и умот

Физички активните луѓе можат да го забават процесот на стареење на својот мозок, а со самото тоа и на умот и телото, тврди истражување објавено во магазинот „Frontiners in Human Neuroscience“.

Посебно добра активност која најмногу влијае на одложување на процесот на стареење, и ментално и физички, е танцот. Како што објаснува докторката Кетрин Рехфилд, физичката активност создава ефект на забавување и спречување на оштетувањето на менталните и физички способности вообичаени за стареењето.

Покрај танцот, и вежбите за издржливост се оние кои ги зголемуваат оној дел од мозокот кој најбргу може да се оштети. Иако, само танцот е посебно корисен за одржување или дури за подобрување на рамнотежата.

Научниците во истражувањето на оваа тема одбрале 52 волонтери на старост од 63 до 80 години и ги поделиле во две групи: Едната група се запишала на танц, а другата била спортска контролна група. Оние кои танцувале имале постојани промени во кореографијата и се барало до нив целото тоа да го запаметат.

Програмата на спортската група вклучувала вежби за сила, издржливост и флексибилност. Кај двете групи било забележано зголемување на хипокампусот, дел од мозокот кој најмногу е подложен на оштетување како резултат од процесот на стареење. Тој дел од мозокот, исто така, е задолжен и за меморија, рамнотежа и учење. Кај оние кои се запишале на танц, се зголемиле и левата и десната страна на хипокампусот.

Танцот, посебно оној со промени во кореографиите, се покажал како многу подобра активност од некои активности кои бараат нивно повторување, како што се возењето на велосипед или одење. Оние кои запишале танц, исто така, пуштале и различни жанрови на музика, а рутината на начинот на играње ја менувале секои две недели, на тој начин што изведувале различни движења со рацете, користеле различни формации, чекори и брзина.

Многу е важно да и се препуштите на музиката и да не размислувате дали изгледате смешно, бидејќи таа има терапевтски ефект и го зголемува нивото на среќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП