19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаул: Горд сум што сум селектор на Македонија

Раул: Горд сум што сум селектор на Македонија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, е задоволен по вечерашното реми со Германија. Тој вели дека е горд на неговите избраници и фактот што Македонија го освои првото место во својата група.

„Многу сум задоволен и среќен. Одигравме одличен меч. Имавме и ние притисок затоа што сакавме да бидеме први во групата. Нема што да кажам повеќе, сè е супер. Денеска треба да уживаме. Имаме три бода во втората фаза, но одиме чекор по чекор. Јас сум горд на овие момци како играа и како се бореа“, изјави Гонзалес по натпреварот.

Според него, и двата тима можеа да го добијат натпреварот, играа интензивна одбрана и технички беа одлично потковани. „На крајот ремито е реален резултат, ние имаме два бода во Вараждин и не отстапуваме од својата цел, одбрана на златото. Ми се допаѓа карактерот на мојот тим, повеќе сакав да победиме, но немаме време за жалење, имаме два дена за да се подготвиме за следниот натпревар“, изјави Раул Гонзалес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП