28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток наменет за оние со недостаток на витамин Ц

Напиток наменет за оние со недостаток на витамин Ц

Доколку ви недостасува витамин Ц и сакате да го надокнадите со само една чаша, се што треба да направите е да го следите рецептот за овој напиток кој е вистински извор на витамин Ц.

Потребни состојки:

– 2 портокали

– 1 грејпфрут со средна големина

– 1 киви

– ¼ пиперки

– шоља кељ

Начин на подготовка:

Олупете ги портокалите и грејпфрутот, но не го отстранувајте комплетно белиот внатрешен слој кој исто така содржи многу нутриенти. Потоа сите состојки ставете ги во блендер и по желба додадете неколку коцки мраз.

Колку е важен витаминот Ц?

Освен што витаминот Ц има значајна улога во синтезата на колагенот кој е составен дел од кожата, тетивите, коските, ‘рскавиците, крвните садови, овој важен витамин исто така го зајакнува и имунитетот. Тоа го прави идеален сојузник во борбата против инфекциите.

За на телото да не му недостасува витамин Ц потребно е секој ден тој да се внесува во организмот, а најдобар начин за тоа е правилната исхрана.

Само 100 милилитри од овој напиток ќе ви обезбедат 200 проценти од препорачната дневна доза од витамин Ц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП