19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 одлични намирници за инстант енергија

5 одлични намирници за инстант енергија

Веројатно сте забележале дека некои намирници наутро ви даваат енергија, додека со други уште повеќе почнува да ви се спие.

Вистина е дека постои храна која треба треба да се избегнува наутро бидејќи потешко се вари. Од друга страна пак, некои други намирници можат да направат многу побрзо и подобро да се разбудите, а ако ги консумирате во текот на денот – ќе бидете полни со енергија се до вечерта.

Бадеми

Важно е да се потенцира дека бадемите имаат најдобри својства ако се јадат свежи и несолени. Овие јаткасти плодови се одличен извор на здрави масти, но и протеини, и помагаат при балансирањето на нивото на шеќерот во крвта. Некои научни истражувања покажаа дека 20 бадеми дневно можат значајно да го намалат ризикот за добивање на кардиоваскуларни заболувања. Притоа, бадемите се варат многу лесно, па убаво ќе ве заситат без да му отежнат на вашиот желудник.

Црно чоколадо

Заборавете на утринското кафе со млеко и слободно земете неколку коцки од вашето омилено темно чоколадо. Сепак, важно е да изберете квалитетно чоколадо, со најмалку 70 проценти какао. Какаото е одличен извор на железо и магнезиум, а ако наутро се одлучите за некоја коцка темно чоколадо ќе се почувствувате побудно.

Банани

Бананите се богати со калиум и витамин Б, па тоа прави да бидат совршена намирница за избалансиран појадок. Тие се одлични затоа што можат да го контролираат и стабилизираат нивото на шеќер во крвта. Најдобри се во комбинација со природен путер од кикиритки, кој пак е одличен извор на протеини и масти.

Јајца

Веројатно најпопуларниот појадок ширум светот, јајцата, не се без причина така популарни. Всушност, јајцата наутро ќе ви обезбедат протеини и железо, па во текот на целиот ден ќе се чувствувате енергично. Витаминот Б8, познат како колин, се наоѓа во јајцата и често се доведува во врска со правилното функционирање на мозокот.

Агруми

Агрумите, какви што се лимонот, портокалот и лиметата, изобилуваат со витамин Ц и лесно ќе ве разбудат со нивниот киселкаст вкус. Еден од најдобрите совети е наутро да пиете вода со лимон, која не само што ќе ви даде енергија, туку ќе ви помогне и во борбата со вишокот на килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП