1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја е земјата на годината според The Economist?

Која е земјата на годината според The Economist?

Престижното британско списание „The Economist“ ја избра Франција за земја на годината поради поради победата на претседателските избори на младиот поранешен банкар Емануел Макрон кој победи без поддршка на ниту една од традиционалните партии.

Потоа неговата нова политичка партија „Република, напред“ полна со почетници во политиката, се соочи со старата гарда и освои најголем број места во Националното собрание.

Тоа не беше само неочекуван резултат. Тој, исто така им даде надеж на луѓето кои мислеа дека старата поделба помеѓу леви и десни не е толку важна.

Макрон основа кампањата на идејата дека Франција е отворена за луѓе, стоки и идеи однадвор и за општествена промена дома. За шест месеци тој и неговата партија извршија серија на чувствителни реформи, вклучувајќи го законот за борба против корупцијата и олабавување на строгото трудово законодавство во Франција.

Критичарите се потсмеваат на грандиозността на Макрон, па го нарекуваат неговото претседателствување „јупитеријанско“. Тие тврдат дека реформите можеа да стигнат подалеку, што е вистина, забележува „The Economist“.

Можеби тие забораваат како пред појавата на Макрон Франција изгледаше како земја која не може да биде реформирана, како да им обезбедуваше на граѓаните избор меѓу склероза и ксенофобија.

Движењето на Макрон го зафати стариот режим и ја победи категорично ултранационалистката Марин Ле Пен, која, ако победеше, сакаше да ја уништи Европската унија, пишува „The Economist“.

Борбата меѓу отворени и затворени визии за општеството веројатно е најважната политичка битка во светот во моментов. Франција се соочи со луѓето да издигаат подвижни мостови, и ги победи, поради што „The Economist“ за возврат ја избира за земја на годината.

Меѓу другите финалисти во рангирањето на британското списание оваа година е Бангладеш поради прифаќањето на многу од бегалците кои бегаат од злосторствата на армијата на соседен Мјанмар, брзиот економски раст и намалувањето на сиромаштијата.

Друг кандидат беше Аргентина, каде што претседателот Маурисио Макри спроведува болни реформи, за да ја закрепне фискалната дисциплина по години на непотребниот популизам при управувањето на семејство Кирхнер.

Најсериозен конкурент за титулата на Франција оваа година е Јужна Кореја, која се справи мирно и со финеси со заканите на северниот сосед, пишува „The Economist“.

Иако Северна Кореја се заканува со децении да го избрише јужниот сосед од картата на светот, оваа година тензиите станаа алармантни, откако американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун разменија навреди, нарекувајќи се „рокетмен“ и „стар лудак“.

Додека се случуваше ова, Јужна Кореја мораше да се справи со домашната криза. Масовни демонстрации и истрага за корупција доведоа до отповикување на претседателот Пак Ган-хе, која сега е во затвор во очекување на судски процес.

Нејзиниот наследник, Мун Џен-ин, доживеа кинески бојкот поради распоредувањето на ракетната одбрана. Мун љубезно го одложи времето на барањата на американскиот претседател Доналд Трамп повторно да преговара за трговски договор.

И шефот на „Самсунг“, најголемиот конгломерат во земјата, Ли Џе-јон отиде во затвор. Јужна Кореја вложи големи напори да ја исчисти внатрешната политика, иако живее во постојана закана од нуклеарна апокалипса, резимира „The Economist“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП