27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСемеен напиток за ладните денови: Рецепт за совршенo топлo чоколадo

Семеен напиток за ладните денови: Рецепт за совршенo топлo чоколадo

Покрај тоа што ќе ве загрее, овој напиток моментално ќе ви го подобри расположението и ќе ви обезбеди убави моменти со семејството во ладните зимски денови.

Потребно ви е:

– 30 гр темна чоколада

– 1 лажица какао

– 2 дл млеко

– 30 гр шеќер (оние кои целосно го избегнуваат, може да употребат било каква здрава замена за него)

– прстофат сол

Подготовка:

1. Во мал сад ставете го чоколадото, какаото и 1 дл млеко и мешајте на тивок оган додека да се стопи чоколадото

2. Додадете го остатокот од млекото и солта и продолжете да мешате.

3. Додадете го и шеќерот (или вашата одбрана здрава замена), а кога чоколадото ќе стане густо, сипете го во шолја. По желба, можете да додадете и шлаг. Уживајте.

Чоколадото поволно влијае на хормонт за среќа, па ќе се чувствате убаво, а и енергијата ќе ви биде на повисоко ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП