28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОтстранете ја надуеноста со помош на тиква

Отстранете ја надуеноста со помош на тиква

Од сега па до крајот на зимата јадете печена или варена тиква кога ќе почувствувате надуеност…

Тиква – Од сега па до крајот на зимата јадете печена или варена тиква кога ќе почувствувате надуеност. Едно парче дневно е доволно за да ја регулира работата на органите за варење.

Чаеви – Подгответе посилен чај од камилица или нане, додадете малку мед или лимон, па бавно пијте го. Чајот од ѓумбир исто така е делотворен. Исецкајте четири до шест тркалца, прелијте ги со 3 дл зовриена вода и оставете ги да отстојат околу 10 минути. Засладете со мед и пијте го пред или по јадењето за подобро варење.

Семки – Можете да изедете цела лажица семки ким или од нив да направите крекери, па да ги јадете кога ќе почувствувате нелагодност и проблеми со варењето. Една лажица семки од анис исто така е делотворна против грчевите и гасовите.

Лимон – Наутро, на празен стомак, испијте млака чаша вода со една до две лажици исцеден лимон. Овој напиток е здрав и ќе ве наполни со енергија, ќе воспостави добро варење и ќе ви помогне при слабеењето. Можете да направите и сок од лимон и сода бикарбона. Во чаша прво исцедете го лимонот и додадете една мала лажичка сода бикарбона. Мешавината ќе започне да пени, па во неа ставете вода. Се добро измешајте да се растври содата, а потоа полека пијте ја течноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП