20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија подготвува солидни бонуси за триумфот во ЛШ

Борусија подготвува солидни бонуси за триумфот во ЛШ

FBL-EUR-C1-GER-ESP-DORTMUND-REAL MADRID

До моментов Борусија Дортмунд заработи над 60 милиони евра само од учеството во Лигата на шампионите. Според весникот „Билд“ клубот ќе подели солидни бонуси доколку успеат да триумфираат во финалето против Баерн Минхен.

Секој од 18-те фудбалери на „жолто-црните“, кои ќе се појавуват на стадионот „Вембли“ во сабота ќе добие по 150.000 евра ако трофејот отиде во Дортмунд. Оваа премија е рекордна во историјата на европскиот клупски првак од 1997-та година.

„Досега клубот секогаш бил коректен со нас. Сигурно и сега ќе биде така. Но за нас е важно само да го земеме трофејот со нас во Дортмунд”, рече капитенот Себастијан Кел, кој сигурно ќе биде резерва во судирот со „баварците“.

Тренерот на Борусија Јирген Клоп ќе биде уште позадоволен при триумф во Лондон, бидејќи неговиот бонус е цели 300.000 евра.

За споредба бонусите на фудбалерите на Баерн Минхен само за пласирањето во финалето е 200.000 евра за секој играч, но не е познато колкави ќе бидат бонусите доколку успеат да ја земат титулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП