29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБудуќност пресилен за МЗТ

Будуќност пресилен за МЗТ

МЗТ остана закован за дното на табелата во АБА лигата, откако во деветтото коло загуби од лидерот Будуќност 71:93 (13:22, 20:21, 20:18, 18:32 ). МЗТ остана на само една победа на домашен терен сезонава, а по девет натпревари има скор 2-7.

Будуќност се прошета низ Скопје, го декалсира МЗТ, ја потврди својата добра форма, додека на македонскиот првак му престојат тешки денови во борбата за опстаник.

МЗТ во ниту еден момент вистински не му се спротивснатави на тимот кој од клупата го предводи поранешниот селекторот на Македонија, Александар Џикиќ.

Играчите кои изминатиот период дојдоа во МЗТ, со исклучок на Доминик Мавра, не донесоа никакво подобрување во играта на тимот на Александар Тодоров.

МЗТ тешко се справуваше со зонскиот пресинг на противникот, што резултираше со 15 загубени топки, не успеа во текот на целиот меч да воспостави контрола во скок играта, Будуќност имаше дури 14 офазивни скокови, а вкупно гостите имаа десет скока повеќе (24-34).

Будуќност по првиот период имаше девет поени предност, полувремето заврши со десет плус за гостите (33:43), а иако во третата четвртина Будуќност најчесто имаше двоцифрена предност двете тројки на Трајковски го вратија МЗТ на осум поени негатива (53:61) пред решавачките десет минути.

И кога малубројната публика во СЦ „Јане Сандански“ очекуваше дека МЗТ ќе нападне во последниот период, на македонскиот шампион му се склучи дебакл. Цели пет минути МЗТ не можеше да го погоди кошот на ривалот, Будуќност ги казнуваше промашувањата и грешките и со серија 17:0 го реши прашањето на победникот.

Доминик Мавра, Бојан Трајковски и Јуре Лалиќ беа единствените светли точки во тимот на МЗТ. Мавра го предводеше тимот во три статистички категории, а натпреварот го заврши со (14 поени, 8 скока и 6 асистенции), а Трајковоски и Лалиќ имаа идентичен учинок 13 поени и 3 скока.

Во редовите на Будуќност сите играчи се запишаа во листата на стрелците, четврорца постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Никола Ивановиќ со 14 поени, на кои придодаде по три скока и асистенции.

МЗТ во наредното коло, на 2.декември, ќе гостува во Загреб кај Цедевита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП