Лидерите на Европската унија (ЕУ) најавија денес пакет од 20 социјални права во рамките на заеднички Европски столб на социјалните права, соопшти Европската комисија (ЕК). Ова беше на социјалниот самит за фер работа и раст, кој се одржува во Гетеборг, Шведска.
Документот за столбот кој цели да ја направи ЕУ попривлечна за граѓаните и да го преброди евроскептичното расположенија во блокот, кој беше потпишан од страна на претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер, претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Антонио Тајани и премиерот на Естонија Ратас од името на Советот на ЕУ.
„Европскиот социјален модел е пример за успех и ја направи Европа место за живеење и работа на светска класа. Денес, ние ги поддржуваме нашите заеднички вредности и се залагаме за одбрана на 20-те принципи и права“, рече Јункер.
„Од правото на правична заработувачка до правото на здравствена заштита, од можностите за доживотно учење за подобрата рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, од родовата еднаквост до минималниот приход: со Европскиот столб на социјалните права ЕУ се залага за правата на своите граѓаните во брзо менување на светот“, додаде тој.
Идејата за столбот беше објавена за прв пат од претседателот на ЕК во неговиот говор за состојбата на Унијата во 2015-та година, а проектот беше претставен од страна на Комисијата во април 2017-та година.
Пакетот права вели јасно дека сите имаат право на квалитетно образование во текот на целиот свој живот и дека мажите и жените треба да имаат еднакви можности во сите сфери и да добиваат еднакво плаќање за работа со еднаква вредност.
Невработените имаат право на лична и постојана поддршка, а вработените имаат право на правична плата за да си обезбедат пристоен животен стил. Согласно усвоениот документ, минималната плата мора да се обезбеди така што таа ќе ги задоволува потребите на работниците и нивните семејства.
Властите велат дека иако правата нема да бидат директно применливи од ЕУ, тие ќе воспостават заеднички европски стандард.
Синдикатите и бизнис асоцијациите го поддржуваат пакетот, велејќи дека се потребни посебни напори за зголемување на можностите за вработување на младите, објави „Ројтерс“. „Сакаме Европа да продолжи да ги има најразвиените општествени системи во светот“, се вели во заедничката изјава на здруженијата и синдикатите.