28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург загуби од Мешков Брест

Металург загуби од Мешков Брест

Ракометарите на Металург забележаа уште еден пораз во СЕХА-лигата. Петтиот пораз во седмото коло Металург го запиша во Белорусија кај Мешков Брест 35:30 (18:17).

Екипата од Автокоманда во Белорусија одигра лошо во одбраната, голманите немаа свој ден, а клуч за поразот е играта со седуммина во нападот по која само во првиот дел Мешков Брест постигна пет гола.

Првата видлива предност Мешков ја направи во 16. минута (12:7), што Металург ја анулира во само пет минути (13:13). Во финишот на полувремето домаќинот создаде три гола предност (18:15), која на еден разлика ја спуштија Кузмановски и Шешевски со головите постигнати во последната минута.

Мешков во вториот дел го забрза ритамот и во првите 15 минути го реши победникот кога на семафорот стоеше 29:23. Мешков имаше и седум гола повеќе од Металург во 56. минута (34:27), а во финишот момците од Автокоманда само го ублажија поразот.

Кузмановски со 8 и Јагањац со 7 гола беа најефикасни играчи на натпреварот.

Металург од Белорусија ќе се упати кон Турција, каде што за три дена ќе игра против Бешикташ во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП