7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто компирите се добар избор?

Зошто компирите се добар избор?

Компирот е неправедно, или поради незнаење, или поради разни трендови во исхраната, често посочуван како причинител за дебелината, но и често класифициран како нездрава храна.

Ако го погледнеме составот на компирот, ќе сфатиме дека станува збор за една од најздравите намирници во светот. Дури и повеќе од тоа! Ако би требало да одбереме една намирница, која би сочинувала 100 проценти од нашата исхрана, компирот би можел да биде најдобриот избор.

Малкумина знаат дека компирот содржи многу корисен и квалитетен комплетен протеин (за разлика од житариците и мешунките).

Во компирот има и доста минерли, а богат е и со магнезиум, бакар и калиум, кои се важни за здравјето на срцето. За компирот малкумина знаат дека содржи витамин Ц, па затоа кога ќе слушнат дека само 100 грама печен компир (без лушпа) задоволува дури 20 проценти од дневната потреба за витамин Ц се зачудени.

Компирот во себе содржи незначително ниво на масти, па со самото тоа и омега-6 масти, со што е ставен во намирниците кои не го пореметуваат деликатниот, за здравјето важен, однос на омега-6 и омега-3 масните киселини во исхраната.

Нормално, ова важи доколку не го пржите компирот .

Генерално, најдобро е да го избегнувате пржењето во потполност, или да пржите на кокосово масло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП