Минатата година Македонците кои работеа и живееја во странство ни испратија вкупно 193 милиони евра, според податоците на „Еуростат“.
Лидер во ова рангирање е Португалија со 3,34 милијарди евра од иселенички трансфери, со 2,09 милијарди евра од ЕУ и 1,25 милијарди евра од трети земји. Првите три се надополнети од Полска (3,01 милијарди) и Велика Британија (2.45 милијарди). Потоа следат Романија (2,49 милијарди евра), Италија (2,16 милијарди евра) и Литванија (1,09 милијарди евра).
Земјите кои не се членки на ЕУ, меѓу кои е и Македонија, но спаѓаат во статистичките истражувања на Еуростат, најголем впечаток оставаат Србија и Албанија. Таму, трансферите на имиграција изнесуваа 2.69 милијарди евра и 900 милиони евра во 2016-та година, соодветно. Во Косово, парите што доаѓаат од надвор достигнуваат 681 милиони евра.
Други земји со забележливи парични трансфери од странство се Латвија (494 милиони евра), Унгарија (663 милиони евра), Естонија (112 милиони евра), Грција (166 милиони евра). На дното е Германија со трансфери од само 4 милиони евра.
Вкупниот износ на иселенички трансфери до земјите-членки на ЕУ достигнува 24 милијарди евра во 2016-та година, со само 9,9 милијарди што доаѓаат од трети земји – се друго е трансфер во ЕУ. Наспроти тоа трансферите од работниците на ЕУ во трети земји, тие достигнаа 30,3 милијарди евра во минатата година.
Земјата од која се испраќаат најголеми количини е Франција (9,9 милијарди евра), потоа Велика Британија (7,08 милијарди евра), Шпанија (6,7 милијарди евра), Италија (6,1 милијарди евра) Германија (4,2 милијарди евра) и Австрија (805 милиони евра).
Странците кои живеат и работат во Македонија испратија пари во други земји во минатата година за вкупно 16 милиони евра, за жал нема податоци колку од оваа сума е испратена во ЕУ, а колку во трети земји.