Во Германија се разви дебата за воведување на флексибилно работно време и промена на законот за работа кој ќе биде во тренд со модерната работна средина, пишуваат германските медиуми.
– Флексибилното работно време е многу важно за германските компании за да останат конкурентни на глобално ниво – изјави за весникот “Велт ам зонтаг” Кристоф Шмит, претседател на Стручниот советот за утврдување на економската ситуација, која работи во име на федералната влада.
Тој посочи дека германското трудово право се докажа во пракса, но дека повеќе не е погодно за дигиталното работно опкружување.
– Предрасудите дека работното време почнува со доаѓање и завршува со напуштање на канцеларијата е застарено – вели Шмит.
– Компаниите треба да имаат правна сигурност дека тие не го кршат овој закон кога вработените учествуваат на телефонска конференција во вечерните часови или наутро со појадок ја проверуваат електронската пошта. Ова ќе им даде поголема слобода не само на работодавачите, туку и на вработените – заклучи Шмит.
Како што се наведува, флексибилното работно време е предмет на преговори на коалиционата влада на демократите, либералите и зелените кои се во Берлин.
Либералдемократската партија (ФДП) излезе во јавноста со барање за пофлексибилен однос на работното време.
– Законот за работни односи не е во согласност со времето во кое живееме и мора да стане пофлексибилно – изјави член на Президиумот на ФДП, Михаил Тојрер во интервју за медиумската група Funke.
Германските синдикати остро се спротивставија на плановите да се воведе повеќе флексибилно работно време, стравувајки дека тоа би можело да се изврши дополнителен притисок врз работниците и да значи повеќе прекувремени часови.
“Законот за работни односи и договорот меѓу работодавачите и синдикатите, веќе овозможи флексибилност”, рече шефот на Германскиот федерален германските синдикат(DGB), Рајнер Хофман и додаде дека вработените во Германија во текот на минатата година сработиле 1,8 милиони прекувремени часови, од кои повеќе од половината не биле платени.