19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗлато за младите македонски балерини

Злато за младите македонски балерини

Во Романија, во периодот од 24-26 октомври, се одржа реномираниот меѓународен балетски натпревар „Млади балетски ѕвезди“, на кој зедоа учество над 150 учесници од повеќе европски земји. На натпреварот беше претставена и Македонија со три натпреварувачки од државното балетско училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од класата на проф. Соња Здравкова-Џепароска.

Младите балерини Виолета Карајанова, Мартина Димовска и Јована Петровска изведоа варијации од најзначајните балетски дела „Заспаната убавица“, „Копелија“, „Арлекинада“ и „Рајмонда“. Во категоријата модерен танц Мартина Димовска ја изведе модерената композиција „Бегство“ на реномираниот македонски кореограф Игор Кирова, додека Јована Петровска се претстави со кореографија „Анима либра“ на истакнатата балерина Ивана Коцевска.

Жирито, составено од директорите на балетските академии во Цирих, Берлин, Базел, Минхен, Киев и Виена го гарантира квалитетот на самиот натпревар и само по себе внесува високи критериуми за оценување и рангирање на кандидатите. Балетските натпревари од овој вид се можност да се промивира македонската балетска култура односно едукација и едновремено да се верифицира позицијата на овие млади кадри во споредба со нивните врсници од Европа.

Во силна конкуренција македонските репрезенти постигнаа одличен успех. Виолета Карајанова која се натпреваруваше во категорија на професионални изведувачи и воедно беше најмлад учесник во својата група го освои првото место односно златниот медал. Таа со својата бравурозна техника, сценичност и прекрасна фигура заслжено се закити со највисокото признание и доби можност да настапи на концертот заедно со првенците од Романија, Грузија и Египет кои беа дел завршната гала претстава.

Карајанова по повод освоениот медал истакна „Ова е мотив за моја понатамошна посветена работа и стимул да продолжам во истиот правец со надеж дека еден ден ќе ги изведувам целосно улогите на деловите кои сега ги исполнив како варијации, односно балетите ‘Заспаната убавица’ и ‘Арлекинада’“.

Останатите учеснички Мартина Димовска и Јована Петровска добија стипендии за работилница која ќе се одржи во јуни во Сан Диего, Калифорнија, САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП