12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да го зајакнете имунитетот

Како да го зајакнете имунитетот

Сигурно веќе знаете дека здравјето доаѓа од устата, па кога веќе е така, погрижете се вашата исхрана да биде избалансирана и разновидна, внесувајте доволно овошје, особено јужно, зеленчук и протеини.

Времето на вирусите полека доаѓа и вистинско време е да го зајакнете имунитетот со цел вашиот организам да биде подготвен за нападите кои претстојат. Сигурно веќе знаете дека здравјето доаѓа од устата, па кога веќе е така, погрижете се вашата исхрана да биде избалансирана и разновидна, внесувајте доволно овошје, особено јужно, зеленчук и протеини. Исто така, намалете ја консумацијата на преработени намирници, слатки и грицки и избегнувајте алкохол.

Дали сте знаеле дека јогуртот може да ви помогне во зајакнување на имунитетот? Клучот е во бактериите кои го одржуваат балансот на цревната флора и на тој начин го зачувуваат здравјето, можете да го комбинирате со овесни трици, кои содржат бета-глукан, антиоксидативно соединение кое ја намалува веројатноста да фатите грип.

Сигурно сте слушнале колку е здрав лукот, па изедете едно чешне дневно. Есента е вистинско време со лук да ја зачините салатата, цвеклото или пиперката.

И не заборавајте, исто така е важно да спиете доволно, да шетате и да избегнувате стресни ситуации или барем да го промените својот одговор и реакција на нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП