26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАГлавен предизвикувач на стресот е...

Главен предизвикувач на стресот е…

Експертите од Меѓународниот институт за маркетинг и социјални истражувања GfK објавија дека најчеста појава која предизвикува стрес кај луѓето е финансискиот проблем или ниските месечни приходи.

Експертите спроведоа анкета меѓу 27. 000 лица од 22 земји. Меѓу нив се Русија, САД, Франција, Германија, Италија, Холандија, Јапонија, Јужна Кореја, Бразил, Турција…

Резултатите покажале дека немањето на доволно пари или ниската плата е голем проблем кој создава стрес кај 29 проценти од испитаниците. Втора причина за појавата на стресот е вкупното незадоволство од животот и неспособноста да промени тоа – а тоа погодува 27 проценти од испитаниците.

23 проценти од испитаниците го поврзуваат стресот со недостатокот на сон.

На четвртото место се наоѓа непосакуваната веројатност да станеш жртва на кривично дело, а на петото место се наоѓаат стресовите поврзани со децата, грижата за нив, нивната безбедност и нивното здравје.

Најмалку подложени на стрес се Јапонците и Германците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП