6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШтити од вируси, ги ублажува отоците

Штити од вируси, ги ублажува отоците

Зелката е пребогата со витамин Ц, што ја прави совршен зеленчук за превенција од вируси и настинки.

Есента е сезоната на зелката, а таа е ризница на здравјето. Пребогата е со витамин Ц, што ја прави одличен зеленчук за превенција од вируси и настинки.

Но таа е и извор на железо, фосфор, магнезиум, сулфур и калиум. Се препорачува во исхраната на лицата кои имаат проблеми со варењето, бидејќи е богата со целулоза, природен чистач на организмот.

Чаша сок од свежа зелка е мелем за надразнетиот желудник, но и за губење на вишокот килограми, затоа што содржи киселини кои го забавуваат претворањето на шеќери и јаглени хидрати во масти.

Доколку имате воспление, повреда, повторно тука е зелката. Доволно е да земете свеж лист, да го измиете и од него да го отстраните кочанот, односно задебелената жила, а потоа да го ставите на болното место и го прекриете со памучна крпа. Би било најдобро со таа облога да преспиете или да ја држите најмалку два часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП