2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБорјан Зафировски започна со снимањето на „Ефектот на среќа“

Борјан Зафировски започна со снимањето на „Ефектот на среќа“

Снимањето на македонскиот игран долгометражен филм „Ефектот на среќа“ (The Happiness Effect) почна денеска во Скопје.

Филмот ја следи приказната на младата Леа, која се бори за своето здравје и преиспитувајќи го својот живот, почнува невообичаена потрага по среќата, ефектите од неа врз другите луѓе и можноста од нејзино ширење и мултиплицирање.

Филмот е урбана драма, која ја обработува универзалната потрага по среќа и барањето на смислата на животот. Режисер и сценарист е Борјан Зафировски, а соработник на сценариото е Дејан Дуковски.

Во главните улоги се Дејана Поповска, Сашко Коцев и Ана Стојановска, а во другите улоги се појавуваат Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска.

„Ефектот на среќа“ е во продукција на „Ново македонско видео“, најголемиот дел од буџетот е обезбеден од Агенција за филм на Република Македонија. Копродуценти се „Њу момент“, „Видео хаус анимејшн“, Националниот центар за филм на Република Албанија и Центарот за филм на Косово.

Филмот ќе се снима во следните 30 дена на локации во Скопје и Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП