7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДводневна културна прослава во Јавна соба

Дводневна културна прослава во Јавна соба

Овој викенд Јавна соба слави 2 години од своето постоење и по тој повод на 27. и 28. октомври приредува голема, дводневна културна прослава за сите жители на Скопје. Главниот подарок од Јавна соба за граѓаните е изложбата „Тито во Африка – слики на солидарноста” која доаѓа од Музејот на Југославија во Белград и чие отворање е закажано во петок во 20 часот.

Вториот дел од роденденската прослава, забавата на 3 ката е во сабота, 28.октомври од 22 часот. Гостува диџеј Грамофонџије од Белград, а на останатите стејџови настапуваат Кирил Кузманов џез ансамбл, диџеј Алек Солтиров и Давор Палиќ.

Овој викенд сите генерации, помлади и постари, ќе можат да се присетат како некогаш се живееше во земја со дигнитет, љубов, рамноправност, слога и солидарност, како е да бидеш дел од една високо респектирана заедница во меѓународни рамки, како беше да бидеш Југословен. Фотографиите побудуваат емоции, нè враќаат во едно убаво време и поттикнуваат и денес да се бориме за едно такво убаво и стабилно општество. Скопје како град на солидарноста, целосно заслужува да биде прв домаќин на патувањето на оваа голема изложба во бившо-југословенските градови.

Влезот за настаните е слободен и двата дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП