4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книгата „Градови без ветер“ од Александар Маџаровски

Промоција на книгата „Градови без ветер“ од Александар Маџаровски

Во „Литературно кафе Метаноја” денеска со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на поетската збирка „Градови без ветер“ од Александар Маџаровски во издание на „Метаноја”.

Воведен збор ќе има директорот на „Метаноја“, Нада Милкова. Книгата ќе ја промовира Ѓоко Здравески, а ќе биде прочитана и рецензијата од Лидија Димковска. Осврт од доживувањето на читањето на „Градови без ветер“ ќе имаат Вера Стојчевска-Антиќ и Коста Милков.

– Во „Градови без ветер“ ги има волшебното прво лице множина, императивот и обраќањето на ‘ти’, кои го маѓепсуваат читателот и го вшмукуваат во текстот. „Градови без ветер“ ги дразни сетилата. Го полни окото. Полна е со мириси и со звуци што буричкаат по скриените ќошиња на градот. „Градови без ветер“ се случува насекаде. Насекаде низ градот, по „пазарите што мирисаат на солило од сирење и скапани лубеници“, во градскиот автобус, во домот кога се заспиваат децата, во сеќавањата на детството. Во внатрешноста на умот – вели во рецензијата Ѓоко Здравески.

Ова е прва поетска збирка на Александар Маџаровски, кој освен поезија пишува и хаику и кратки раскази. Во периодиката негова поезија и хаику се објавувани во списанијата Стремеж и Мравка како и во електронска форма на Окно и Разноликост.

Два пати има има учествувано на хаику читања на Ноќи без интерпукнции склоп на Струшките вечери на поезијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП