28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали белиот ориз е навистина штетен?

Дали белиот ориз е навистина штетен?

Некој одамна покренал гласини дека белиот ориз е штетен, а дека кафениот или интегрален ориз е здрав. Не е познато точно од каде потекнуваат овие гласини, но сепак тие на многумина им скратија квалитетен извор на јаглени хидрати.

Многу нутриционисти ги демонизираа сите „бели“ намирници: белиот ориз, компирот, тестенините, белиот леб… но реланиот проблем со ние е тоа што најчесто ги преливаме со солени, масни, зашеќерени, калорични преливи, кои ги прават многу нездрави.

Кога станува збор за оризот, многумина сметаат дека кафениот ориз е поздрав затоа што е побогат со влакна (има три грама влакна, за разлика од белиот кој содржи 0,5 грама во една шолја варен ориз) и така подолго време ве држи сити.

Меѓутоа, бидејќи оризот главно е само една од компонентите во оброкот, личноста која јаде да кажеме, вариово од леќа и зеленчук со ориз, може да го одбере било кој ориз и да не забележи разлика во ситоста по јадењето.

Освен тоа, кафениот ориз содржи одредени состојки во својата мембрана кои не се добри за консумација и со кои билката се брани од штетниците, а тоа бидејќи го нема во белиот ориз, го прави полесен за варење од кафениот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП