Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Интервју со Димитар Богов – гувернер на Народната банка на Република Македонија

Време: 11:50

Датум: октомври 12, 2017

Категорија: ИНТЕРВЈУ

Денар: Како ја оценувате макроекономската состојба во Македонија?

Макроекономската состојба во Македонија во првата половина на 2017-та година во голема мера беше под влијание на политичката нестабилност во земјата. Во април направивме надолна ревизија на прогнозата за раст од 3,5% до 2,5% за 2017-та година, но според фактичките податоци за првата половина од годината, се чини дека пролонгираната политичка криза добивала сè поголемо влијание. Во првиот квартал од 2017-та година имаше стагнација, а во вториот квартал реалниот годишен пад на Бруто домашниот производ изнесуваше 1,8%. Од оваа гледна точка, би било реално да се очекува економско закрепнување во втората половина од годината, имајќи ги предвид првите преземени чекори кон стабилизирање на политичката ситуација, како и подобрените пазарни очекувања. Сè уште е во тек подготовката на редовниот круг прогнози за октомври, но грубо кажано, се надеваме дека економското закрепнување што се очекува во втората половина од годината, да го неутрализира регистрираниот пад во првата половина, со што би можеле да сметаме на малку позитивен раст за целокупната година, кој сепак би бил помал од минатогодишниот годишен раст од 2,4% (кога политичката криза беше исто така актуелна). Во однос на расходните компоненти на БДП, се бележи забавување главно во инвестицискиот сектор, што влијае врз довербата кај инвеститорите и врз одреден застој во проектите за јавна инфраструктура, со оглед на целокупниот политички пресврт. Гледајќи на позитивната страна, извозот останува да биде главна движечка сила на македонската економија, имајќи го предвид позитивното влијание на новите компании со странски капитал, што укажува на потенцијалот за економски раст. Освен тоа, приватната потрошувачка и натаму останува отпорна на домашната политичка средина, во услови на позитивен развој на пазарот на труд, приватните трансферни приливи и кредитирањето на домаќинствата од страна на банките.

Денар: Каков економски раст очекувате за оваа и за 2018 година, и колкав раст е потребен на земјава за да се обезбеди реален економски развој?

Според нашата последна априлска прогноза, очекуваме економски раст од 3,2% за 2018-та година. Бидејќи тековната прогноза сè уште не е завршена, тешко е да се каже колку ќе се промени оваа бројка. Како и да е, очекувањата за забрзување на растот следната година, до нивоата кои ги имавме пред политичката нестабилност е сосема извесно со оглед на подобрувањата, како во домашното така и во надворешното опкружување. Како и да е, минататата и тековната година забележаа помал раст поради политичката криза, што пак ќе влијае врз брзината на реалната конвергенција кон ЕУ. Потребни се повисоки стапки на раст (4-5% годишно) за одржливо и побрзо фаќање чекор со развиените економии. Имајќи ги предвид структурните промени на економијата во последните години кон производството и извозот на производи со повисока додадена вредност, поволната деловна клима и макроекономската стабилност, како и политичката стабилизација, повисоките стапки на раст во иднина би биле навистина достижни.

Денар: Каков е ликвидниот потенцијал на банките, дали очекувате зголемување на кредитната активност кон бизнис секторот со цел за придвижување на економијата?

Банкарскиот систем во Македонија е цврст и стабилен, со солиден потенцијал за ликвидност. Вреди да се напомене дека сите овие години за време на глобалната криза, банките го поддржуваа приватниот сектор со умерен кредитен раст. За време на политичката криза во последните две години, поради неизвесноста, се забележа забавување во кредитирањето на деловниот сектор. Истовремено, според анкетите што ги спроведовме, забележавме пониска побарувачка на кредити од страна на компаниите, што е во согласност со намалената доверба кај инвеститорите. Се очекува стабилизирањето на очекувањата на економските субјекти да доведе кон поголема алокација на кредити за деловниот сектор, што во текот на оваа година беше главно ориентирана кон секторот „домаќинство“.

Денар: Дали да очекуваме континуиран раст на каматните стапки во иднина?

Глобалното економско закрепнување ги поддржува очекувањата за повисоки каматни стапки кај напредните економии во иднина. Главната каматна стапка на благајничките записи во Македонија не е секогаш во согласност со онаа на евро-зоната, како сидро-економија, со оглед на тоа дека интеграцијата на македонската економија по меѓународните текови на капитал е мошне ограничена. Главната цел на монетарната политика во нашата економија е ценовната стабилност, која се остварува преку одржување стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото. Со оглед на притисоците на девизниот пазар и падот на депозитите кај домаќинствата, поради политичката неизвесност и шпекулациите, минатата година во мај, ја зголемивме каматната стапка на благајничките записи од 3,25% на 4%, а по стабилизирањето на ситуацијата во февруари 2017-та година, постепено ја доведовме до нивото пред кризата. Оттогаш, истата стои непроменета на 3,25%, што историски е најниското ниво. Вообичаено ја оценуваме позицијата на монетарната политика на редовна месечна основа и засега сметаме дека е во согласност со генералните економски движења. Каматните стапки на банките за време на кризниот период го следеа падот на каматните стапки на благајничките записи до ореден степен, иако во последниве години, падот на каматните стапки за депозитите беше поостар од оној за активните каматни стапки, резултирајќи во поширока маргина.

Денар: Дали НБРМ останува на политиката на стабилен курс на денарот кој е врзан за евро валутата и дали има можност за девалвација на денарот со оглед на фактот дека во периоди има голема побарувачка на девизи? Какви мерки ќе преземе НБРМ во случај на континуирана побарувачка на девизи на подолг временски рок?

Ја спроведуваме стратегијата за таргетирање на девизниот курс повеќе од две децении и досега се покажа како ефикасна во постигнување на целта за ценовна стабилност. Македонија има стабилна инфлација, околу 2% во просек. Во овој период, повремено се соочувавме со притисоци на девизниот пазар, главно поврзани со шокови од различна природа – надворешно или внатрешно индуцирани. Во сите овие случаи, главно краткотрајни, ја сочувавме стабилноста на девизниот курс преку употреба на сите расположливи средства и тој остана непроменет во последните дваесет години. Следствено, тоа ја потврдува заложбата за одржување на стабилен девизен курс, со што се зајакнува нашиот кредибилитет. Важно да се забележи е дека од историска гледна точка, присуството на НБРМ на девизниот пазар во последните години е помало отколку во минатото. Имајќи ги предвид придобивките, соодветноста и стекнатиот кредибилитет, продолжуваме со спроведување на истата стратегија.

Денар: Се повеќе се актуелизира прашањето за технологијата на криптографски синџир од блокови (англ. blockchain technology) и криптовалутите. Голем дел од светските банки се подготвуваат за криптовалутите. Швајцарската централна банка прифаќа плаќање данок во биткоини. Аналитичарите тврдат дека криптовалутите се неизбежен дел од дигиталната економија. Кое е Вашето мислење за оваа технологија и дали НБРМ и банките во Македонија се подготвени за овој предизвик?

Најпрвин мора да се разграничи значењето на термините технологија на криптографски синџир од блокови и криптовалута. Технологијата на криптографски синџир од блокови е систем кој ветува многу и водечките банки во светот веќе бараат начини за негова сè поголема примена. Во блиска иднина, истата би можела да постане индустриски стандард во областа на плаќањата. Криптовалутите се базираат врз употребата на ваквата технологија. Повеќето од нив се користат како средства за заштеда, а многу ретко како средства за размена т.е. за плаќање на добра и услуги. Според тоа, криптовалутите постојат главно за шпекулативни намени. Тие само спорадично се користат како сметковни единици, при заедничко финансирање (англ. crowdfunding) на стартапи или пак на веб-страници за коцкање. Покрај тоа, валутата мора да биде стабилна за да претставува добро средство за заштеда. Криптовалутите се далеку од стабилни. Со оглед на тоа што нивните цени постојано варираат, тие се високоризична категорија на средства. Не е исклучена можноста дигиталните валути во блиска иднина да се издаваат од централните банки. Како и да е, моменталната „епидемија“ од емисии криптовалути не е ништо освен еден вид „Понзи-шема“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Интервју со Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народната банка на Република Македонија

    Интервју со Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народната банка на Република Македонија

    Анита Ангеловска-Бежоска стапи на функцијата гувернер на Народната банка на Република Македонија во мај 2018 година, со речиси дванаесетгодишно претходно работно искуство во институцијата. Во…

  • Филип Поповски: ФФМ е професионална институција со единствена цел развој на македонскиот фудбал

    Филип Поповски: ФФМ е професионална институција со единствена цел развој на македонскиот фудбал

    На натпреварот против Лихтенштајн, Фудбалската федерација на Македонија одбележа значаен јубилеј, 25 години од првиот официјален натпревар на репрезентацијата на Македонија. Веројатно, ви е драго…

  • Интервју со Анита Спасовска – генерален директор на Бучен Козјак Куманово

    Интервју со Анита Спасовска – генерален директор на Бучен Козјак Куманово

    Денар: Бучен Козјак е млекарница која е позиционирана како фамилијарна и традиционална. Во која развојна фаза се наоѓа сега млекарницата? А: Бучен Козјак постои 35…

  • Интервју со г-ѓа Валентина Тасева, генерална директорка на Семос Едукација

    Интервју со г-ѓа Валентина Тасева, генерална директорка на Семос Едукација

    Валентина Тасева: Од Electronic Arts се вратив со нова визија и развиен бизнис план Интервју со г-ѓа Валентина Тасева, генерална директорка на Семос Едукација и…

  • Интервју со Радослав Нановиќ, генерален директор на DHL Македонија

    Интервју со Радослав Нановиќ, генерален директор на DHL Македонија

    Радослав Нановиќ: Иднината со DHL ќе биде уште поинтересна и спектакуларна Денар: Годинава, DHL Македонија одбележа 25 години постоење во земјава. Како би ги претставиле…

  • Интервју со Рок Сајовиц – експерт за ИТ сервис менаџмент и говорник на Националната конференција за проектен и ИТ менаџмент

    Интервју со Рок Сајовиц – експерт за ИТ сервис менаџмент и говорник на Националната конференција за проектен и ИТ менаџмент

    ИТ експерт со огромно работно искуство како во јавниот, така и во приватниот ИТ сектор во Словенија. Во 2007 година, г. Сајовиц основа сопствена комапнија…

  • Интервју со Влатко Смилески, Директор на Орифлеим Македонија

    Интервју со Влатко Смилески, Директор на Орифлеим Македонија

    Денар:Каков е предизвикот да се работи во ваква реномирана козметичка шведска компанија? – Орифлеим е без двоумење најдобрата компанија за која сум работел во својата…

  • Интервју со Миро Крстевски, заменик директор во Пункт Мебел

    Интервју со Миро Крстевски, заменик директор во Пункт Мебел

    Денар: Високиот квалитет, модерниот дизајн, удобноста и трајноста се синоними кога станува збор за Пункт Мебел? Колку време ви требаше за да дојдете до таа…

  • Интервју со Мери Каровска, сопственик на Каровска ДООЕЛ

    Интервју со Мери Каровска, сопственик на Каровска ДООЕЛ

    Денар: г-ѓа Каровска, која е основата дејност на  Каровска ДООЕЛ, кои услуги ги нудите? -Каровска ДООЕЛ е Друштво за економско сметководствени услуги и даночно советување…

  • Интервју со Предраг Милошевски, член на управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

    Интервју со Предраг Милошевски, член на управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

    Помладите со мал износ можат да заштедат значајна сума за нивните пензионерски денови “Финансиската култура и планирањето на финансиите на нашите граѓани сѐ уште не…