28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток кој ќе ве ослободи од грчевите во мускулите

Напиток кој ќе ве ослободи од грчевите во мускулите

Ако при секакво движење и напор ве фаќаат грчеви, најверојатно на телото не сте му ја обезбедиле потребната хидратација, која е потребна за пренос на електролитите (како што се натриумот и магнезиумот) во клетките на телото. Во тоа може да ви помогне сокот од четири состoјки кои сигурно ги имате дома.

Електролитите како магнезиумот, натриумот и калциумот го спречуваат грчењето на мускулите.

Добар релаксатор за згрчените мускули може да биде сокот од зеленчук во кој главна улога имаат морковите, целерот, краставицата и брокулата.

Ова е моќниот напиток кој ќе го релаксира секој ваш мускул…

– 2 моркови

– 1 парче целер

– 1 краставица

– 1 парче брокула

Сите состојки ставете ги во блендер, додадете малку вода и мешајте додека не добиете хомогена смеса. На здравје!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП