29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал конечно го освои Дортмунд, Сити го совлада Шахтјор (видео)

Реал конечно го освои Дортмунд, Сити го совлада Шахтјор (видео)

Реал ја совлада Борусија во Дортмунд 3:1 во дерби мечот одигран во вторникот во второто коло во Лигата на шампионите. Покрај триумфот на Реал, натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х ги обележаа напаѓачите на Тотенхем и Севилја, Хари Кејн и Бен Једер кои постигнаа по три гола, односно гостинската победа на Порто над Монако.

Европскиот првак Реал ги искористи сите слабости во играта на Борусија и речиси рутински славше на „Вестфален“ 3:1. „Кралскиот клуб“ дури во седмиот натпревар успеа да забележи победа во Дортмунд.

Бејл ја отвори серијата, ја продолжи Роналдо, потоа Обамејанг намали на 1:2, а точка на натпреварот стави Роналдо со својот втор гол.

Тотенхем му гостуваше на АПОЕЛ во Никозија и запиша нови три бода, благодарение на хет трикот кој го постигна Хари Кејн.

Во Г групата, во пресрет на меѓусебниот двомеч Тотенхем и Реал имаат по шест бода и идентична гол разлика 6:1.

Севилја според очекувањата го победи Марибор и ја презеде лидерската позиција во Е групата. На „Рамон Санчез Писхуан“ блескаше Бен Једер кој постигна хет трик.

Спартак во Москва ремизираше со Ливерпул 1:1. По две кола двата тимаа имаат по два бода.

Манчестер Сити, во Г групата, потешко од прогнозите го совлада Шахтјор. Де Брујне го постигна првиот гол на почетокот на вториот дел, потоа Агуеро не реализира пенал, а конечните 2:0 ги постави Стерлинг во последната минута.

Наполи во вториот меч го победи Феенорд со 3.1, со головите на Инсиње, Мертенс и Каљехон.

Бешикташ по две кола, со максимални пест бода е лидер во Г групата. Турскиот шампион во второто коло со головите на Бабел и Талиска го победи Лајпциг со 2:0.

Монако, во вториот меч во оваа група загуби убедливо од Порто 0:3. Првите два гола за Порто ги постигна Абубакар, а третиот гол е дело на Мексиканецот Лајун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП