ПочетнаЗДРАВЈЕВежба која го поттикнува производството на тестостерон

Вежба која го поттикнува производството на тестостерон

Чучњевите телото го прават поподвижно, па нема на почетокот на секој тренинг да имате чувство на вкочанетост и ќе ви биде потребно пократко време за да се загреете. Оваа вежба исто така го зголемува лачењето на хормонот за раст и тестостеронот.

Чучњевите се одличен начин да ги зајакнете нозете и долниот дел од телото, а влијаат позитивно и на другите мускули, пред се на стомачните и тоа на долните кои инаку е тешко да се дефинираат и да се ослободат од масни наслаги.

Оваа вежба го намалува ризикот и од повреди на колената, како и зглобовите воопшто, со редовен тренинг тие стануваат поотпорни и поцврсти.

Освен тоа, чучњевите телото го прават поподвижно, па нема на почетокот на секој тренинг да чувствате вкочанетост и ќе ви биде потребно пократко време за загревање.

Две, особено важни причини поради кои би требало да започнете со оваа вежба е зголеменото лачење на хормонот за раст и тестостеронот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП