6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Џган“ добитник на главната награда на филмскиот фестивал во Отранто, Италија

„Џган“ добитник на главната награда на филмскиот фестивал во Отранто, Италија

Откако „Џган“ ја освои Фипресци наградата на жирито на овогодинешниот „Прифест“, во Приштина – Косово и главната награда на филмскиот фестивал во Китзбил, Австрија, македонскиот филм ја освои главната награда „Златен светилник 2017” на филмскиот фестивал во Отранто, Италија.

„Во своето прво дело, режисерот со суптилна мерка и силни емоции раскажува приказна за страдање и одмазда, преку падот на еден бунтовен ангел на дното на целата негова генерација. Тежок, болен, полн со модринки, насилен но и моќен филм, каде што светлината продира само низ еден тесен пресек на спиралата. Но, таа спирала е таа која може да ја помине иднината“, изјави стручното жири на фестивалот.

Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и SEE Cinema network.

Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Ристо Буразденов, Мартин Живковски и др.

Поведен од слоганот на филмот дека „Никој не е роден насилен”, Вардан Тозија го изработи и сценариото и режијата, дизајнот на шминката и маските ги изработи Горан Игњатовски, костимограф е Жаклина Крстевска, дизајнер на Звук е Игор Поповски, музиката ја работеше Александар Пејовски, сценографијата е дело на Кирил Спасески и Наташа Димитриевска, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажер е Атанас Ѓеоргиев, кастингот го работеше Кирјана Николовска, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП