18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОбјавена книгата „Сенките на новозаветната етика“ од Љупка Христова-Башевска

Објавена книгата „Сенките на новозаветната етика“ од Љупка Христова-Башевска

Во издание на издавачката куќа „Магор“ деновиве излезе новата книга на д-р Љупка Христова-Башевска „Сенките на новозаветната етика“.

Авторката, позната во научно-книжевна јавност кај нас и во поширокиот регион како еден од ретките аналитичари на библискиот текст отаде догмите на „Божјата објава“, овој пат го поставува прашањето: Дали Новиот завет беспоговорно ги заслужува епитетите Ненадминат универзален етички кодекс, Книга на љубовта, Добра книга итн., што и денес штедро му се припишуваат во рамките на западната култура, дури и од страна на оние кои за себе велат дека раскрстиле со религијата? Или, ако морално вредното го проценуваме според параметрите на човековиот свет, односно како парадигма на хуманото, ќе се покаже дека мнението за „ненадминатата“ етика на Новиот завет искажана низ барањата за љубов, сомилост, покајание, проштевање итн. останува еден од најтврдокорните културолошки митови на западната цивилизација и во дваесет и првиот век?

„Пред нас е текст оригинален како потфат во нашата средина, прецизен по структура, консеквентен по изведените зклучоци и јасен по свјот стил“, вели во својот осврт кон ова ова издание на проф. д-р Марија Ташева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП