2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНа фестивал во Швајцарија ќе биде прикажан краткиот филм „Допир“

На фестивал во Швајцарија ќе биде прикажан краткиот филм „Допир“

Краткиот игран филм „Допир“ на режисерот Стојан Вујичиќ во продукција на „Лунар“ стартува со својот фестивалски живот.

Филмот ќе ја има својата европска премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Швајцарија, и тоа во официјалната натпреварувачка селекција за кратки филмови.

„Допир“ е приказна за еден животен пат на Алек, 10-годишно аутистично дете. За време на семејниот ден во паркот Алек исчезнува од видокругот на родителите. Додека низ своите очи го истражува светот, Алек го следи многу висок човек, со темни црни очила, кој само Алек може да го види. Алек оди кон езерото. Додека во далечината ги слушаме неговите родители како го извикуваат неговото име, тој следејки го својот пат е само на еден чекор оддалечен од езерото во паркот…

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Главната улога во филмот ја толкува младиот Кристијан Пауер, заедно со Дејан Лилиќ и Несрин Таир.

Филмот се снимаше минатата година во Скопје, а авторска екипа ја сочинуваат: директорот на фотографија Наум Доксевски, сценографијата во филмот ја креираше Владимир Зафирковски, костимограф е Раде Василев, монтажер е Филип Грчевски, дизајнер на звукот е Игор Поповски, а продуцент на филмот е Огнен Антов. Во моментов Стојан Вујичиќ го подготвува својот дебитантски игран филм „Стела“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП