2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПерформансот „ЗОО приказна“ денес во Прилеп

Перформансот „ЗОО приказна“ денес во Прилеп

Денес во 21 часот во фоајето на ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи перформансот „ЗОО приказна“ на кој ќе настапи актерот Здравко Стојмиров. Премиерата на перформансот ,,ЗОО приказна’’ по Едвард Олби се одржа во мај 2017 година во Враца, Бугарија, на Фестивалот за камерни театарски форми и беше одликувана со награда за театарски експеримент. Во овој перформанс ликот на Питер е публиката.

Ликот на Џери е во постојана комуникација со секој гледач во публиката, кој тој своевремено и своеволно го определува како таков или различен од она што е. Односно гледачот може да биде перципиран како животно, инсект, предмет или да ја менува неговата општествена или сексуална определба. Оваа навидум комична приказна раскажана од забавниот, комичен, интелигентен и себеироничен лик Џери завршува трагично поради неговата ненадејна смрт кога ,, Питер’’ изреволтиран од него, не сакајќи го убива. Човекот отфрлен од општеството е мртов човек. Стравот како оружје за себеуништување. Стравот на поединецот кон општеството и обратно. Дали убиецот е самиот поединец или општеството? Перформансот е ,,Space specific theatre’’ и трае 50 (педесет) минути.

Оваа изведба е поддржана од манифестацијата ,,Нов културен бран” на Министерството за култура на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП