15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јуни нема да се менува цената на струјата?!

Во јуни нема да се менува цената на струјата?!

Оваа година по се изгледа дека нема да се менува цената на електричната енергија во јуни. Тоа беше пракса во претходните неколку години кога освен на крајот на календарската година, нова цена Регулаторната комисија за енергетика објавуваше и во јуни и таа цена беше на сила шест месеци. Оваа година тоа нема да се случи.

Од Регулаторната комисија за енергетика за Денар велат дека до денеска нема пристигнато ниту едно барање од енергетските компании пристигнато во нивните простории.

„Во моментов во РКЕ нема пристигнато ниту едно барање со трошоци од компаниите кои ги регулираме. Согласно Методологијата за одредување на цени, до ноемви најдоцна е рокот до кога се поднесуваат барања за цени за пренос – МЕПСО и дистрибуција на електрична енергија Електродистрибуција, како и за организирање и управување на пазарот на електрична енергија- МЕМО“, велат за Денар од Регулаторната комисија за енергетика.

На неколку пати регулаторот најави дека е можно продолжување на времетраењето на евтината дневна тарифа на електричната енергија. Но, се уште се прават анализи дали е исплатливо да се продолжи за еден или два часа периодот кој сега е на сила, односно од 13 до 15 часот.

„Во тек се анализи, трендот е јасен дека во периодот од 12 до 17 часот цените на електричната енергија се далеку пониски од цените кои се во периодот од 19 до 00“, додаваат од РКЕ.

Последното промена на цената на електричната енергија се случи на крајот на ланската година кога просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти. Во првиот блок, зголемувањето беше 0,68 проценти, во вториот поскапе за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, а во четвртиот за 2,24 проценти, додека во евтината тарифа за 0,9 проценти.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП